fbpx

Полицијата пронајде 32 мигранти кај Марвинци

Вчера во 06.00 часот на магистралниот пат во близина на село Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link