Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Полицијата синоќа открила четворица струмичани како вршат јавен превоз без соодветна документација
На 01.02.2022 во 20.30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко.
При контролата било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација, а исто така биле затекнати повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат.
За настанот биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 01.02.2022 во периодот од 21.30 до 22.30 часот на магистрален пат Струмица – Радовиш, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во три патнички моторни возила со струмички регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација.
По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.