fbpx

Полицијата за пронаѓањето на телото на удавеното момче од Дабиле

 Полицијата за пронаѓањето на телото на удавеното момче од Дабиле

Денеска (23.07.2023) во 09.00 часот со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица од водите на браната Дрвош било извлечено телото на М.П.(29) од село Дабиле, за кој на 16 јули во 13:30 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека влегол во водите на браната, но не излегол.

Извршен е увид, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и телото е предадено на семејството.

Share via
Copy link