fbpx

Полициски автомобил удрил во пешак во Струмица

Вчера во 15:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В.(53) од Струмица.

Во незгодата со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во болницата во Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link