fbpx

Полициски билтен: физички напади во Богданци, Ново Коњарево и Струмица

 Полициски билтен: физички напади во Богданци, Ново Коњарево и Струмица

На 22.09.2021 година во 14.15 часот во Полициската канцеларија Богданци, Ѓ.Б.(21) од Богданци пријавил дека околу 14.00 часот во Богданци бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 22.09.2021 година во 17.00 часот во Полициското одделение Ново Село, Т.В.(66) од село Ново Коњарево, струмичко, пријавил дека околу 16.20 часот во село Ново Коњарево бил физички нападнат од И.С.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2021 година во 21.30 часот во Полициската станица Струмица, Ј.Д.(47) од Струмица пријавил дека околу 16.00 часот на ул.„Балканска“ во Струмица бил физички нападнат од две лица. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link