Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен:физички напади во Радовиш, агресивно однесување во Струмица
На 23.03.2024, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(34) од Радовиш затоа што околу околу 18.30 часот пред угостителски објект во Радовиш физички го нападнал С.Ј.(41) од Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.03.2024 во 02.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Ѓ.К.(38) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Радовиш, 62 – годишна жена од Радовиш пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.Ф., кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.