„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:физички пресметки во Радовиш и Струмица, кај Јосифово потешко повреден жител на Будинарци
На 30.12.2023 година во 03.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Ф.И. (24) од Радовиш и Д.Т. (23) со престојувалиште во село Јаргулица, радовишко, кои претходно на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Лицата се задржани во полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2023 година во 20.00 часот во Полициската станица Струмица Е.М.(19) од Струмица пријавила дека околу 04.00 часот пред угостителски објект во Струмица била физички нападната од Б.Д. од Струмица. Од нападот пријавителката паднала на земја и се здобила со тешки телесни повреди. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2023 година во 18.15 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 16.30 часот на место викано Попај, атар на село Удово, валандовско, Ј.К. (50) од село Јосифово, валандовско, управувал трактор со кој била влечена самопрајска приколка натоварена со дрва, а врз дрвата седел Д.В. (53) од село Будинарци, беровско. На наведената локација приколката се превртела и од неа паднал Д.В., кој се здобил со тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Валандово.