Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Премиерот Заев и претставници на Сојузот на средношколците на нова средба за полагање на матурата
Договорот за модифицирање на државната матура на два екстерни предмети останува, дијалогот продолжува за изнаоѓање концепт за изведување на интерните предмети, е заклучокот од средбата на премиерот Зоран Заев и претставници на Сојузот на средношколците.
Во продолжение соопштението до медимуите од Владата.
-Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.
На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски беше посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.
Преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.
Присутните на денешната средба се согласија и ја поздравија одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование.