fbpx

Претпладнево струмичанец возел со 2,34 промили алкохол

 Претпладнево струмичанец возел со 2,34 промили алкохол

Денеска околу 09:50 часот на регионален пат Струмица-село Банско, поточно во село Куклиш, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило “голф” со струмички регистерски ознаки, управувано од 48 годишен стумичанец, соопштија од СВР Струмица.

При контрола над возачот извршена со алкомер “дрегер”, било утврдено дека возилото го управува со 2,34 промили алкохол во организмот.

Возачот бил исклучен од сообраќај, а констатираниот прекршок бил соодветно санкциониран.

Share via
Copy link