Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
МВР соопшти дека вчера во Радовиш полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Н.Б.(32) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива