Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Приведени четворица дилери, пронајдена дрога во Гевгелија
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис, соопштија денес од МВР.
Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис.
Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис.
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.