„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Проектот Иловица-Штука – можно решение за надминување на дел од економските предизвици со кои се соочуваме
Пишува: Никола Гулев, главен финансов директор во Еуромакс Ресоурцес
Додека ги читаме вестите од светските економии кои бележат многу високи стапки на инфлација, и сме во исчекување од дополнителните економски последиците од сериозноста на геополитичка ситуација помеѓу Украина и Руската Федерација, потребата од изнаоѓање на брзи економски решенија веднаш и сега е уште поголема. Сите ние во овој период мора да делуваме многу посериозно и посветено во насока на надминување на целата ситуација, а при тоа да не предизвикаме идните генерации преку енормно задолжување да бидат тие што ќе ја платат цената за излезот од нашата економска ситуација. Поради тоа потребно е да се развијат робусни проекти кои ќе дадат економски позитивни ефекти во најкраток можен рок. Таков е и мега инвестицискиот Проект Иловица-Штука, кој е спремен веднаш и може да се реализира многу брзо а со тоа и сериозно да придонесе во заздравување на македонската економија.
Таквото гледиште го изрази и Николас Треанд, Претседател на Еуромакс Ресоурцес, во неговото интервју во угледниот весник „Економист“, посочувајќи дека верува во позитивните перспективи на Проектот Иловица-Штука и неговиот сериозен придонес во брзото економско опоравување на македонската економија.
И покрај тоа што 2021 година забележа многу подобри економски показатели во однос на 2020 година, и со тоа започна заздравувањето на економијата после здравствената пандемија предизвикана од корона вирусот, не смееме да го игнорираме фактот дека во 2021 година биле затворени 7 илјади правни друштва.
Дополнително, инфлаторните ефекти се поприсутни преку зголемување на цената на енергенсите кои се основен инпут на сите услуги и производи. Владата успеа да ги ублажи овие инфлаторни ефекти врз стандардот на граѓаните преку зголемување на минималната плата која треба да предизвика зголемување и на просечната плата на ниво на цела Држава. Тоа краткорочно е соодветна мерка, бидејќи ќе се одржи стандардот на граѓаните, и на тој начин ќе се одржи нивото на потрошувачката и на економската активност во Државата. Меѓутоа, како што наведуваа претставниците на приватниот сектор, таа мерка ќе предизвика дополнителен инфлаторен фактор, кој ако не е проследен се зголемување на продуктивноста и зголемување на производството ќе резултира во дополнителна инфлација која ќе биде на терет на сите граѓаните.
Поради тоа, потребно е да се реализираат проекти кои ќе помогнат за надминување на овие инфлаторни ефекти, и зголемување на нивото на производство во македонската економија, а со тоа и зголемување на стандардот на граѓаните.
Само за илустрација, со реализација на странски директни инвестиции во износ од 350 милиони евра во Проектот Иловица-Штука ќе се овозможи зголемување на Бруто Домашниот Производ за 4%. Реализацијата на Проектот ќе отвори 3200 нови работни места, ќе се реализира извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци. Дополнително, во текот на 20 годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери.
Сето ова уште една го истакнува значењето на реализацијата на Проектот Иловица-Штука врз македонската економија и ја наметнува потребата оваа инвестиција да се реализира веднаш и сега.
(Комерцијална ПР објава)