fbpx

Пронајден и казнет возачот кој возеше во пешачка зона во Струмица

 Пронајден и казнет возачот кој возеше во пешачка зона во Струмица

Денеска полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, постапувајќи по пријава за претходно објавени снимки на социјалните мрежи, според кои патничко возило се движи на места определени за пешаци по улица “Благој Ј.Мучето” и на плоштадот “Гоце Делчев”, по преземени мерки и активности ги пронашле возачот и возилото. 

Притоа било констатирано дека станува збор за Н.А.(23) од село Градашорци кој управувал патничко возило “голф”, со струмички регистарски ознаки.

За непочитување на законските прописи против Н.А. се изречени соодветни платни налози. 

Share via
Copy link