fbpx

Даскаловски: Континуирано придонесуваме за развојот на спортот во Струмица

 Даскаловски: Континуирано придонесуваме за развојот на спортот во Струмица

Интегрален текст од обраќањето на прес конференцијата на Марјан Даскаловски, носител на советничката листа на СДСМ

Добар ден и еден голем, спортски поздрав почитувани Струмичани!

Сите вие кои ме познавате, знаете дека отсекогаш сум бил активен во спортот. Млад
сум во душа и енергичен и знам дека таа кондиција мора да се одржува. Во ист таков
манир мора да ја негуваме сликата на Струмица, како град на спортот.
Сум бил активен фудбалер во ФК “Беласица“. Претседател сум на ЛД “Беласица“ и ГК
“Партизан“ и многу добро ги познавам предизвиците со кои се соочуваат Управите на
клубовите и спортистите кои се дел од нив.

Токму затоа, како Претседател на Советот на Општина Струмица, имав чест да бидам
дел од реализацијата на серија проекти кои континуирано придонесуваа развојот на
спортот во Струмица. Интензивно работевме за доближување на спортот до новите
генерации и во оваа насока со поддршка на Општината се изгради нова спортска сала
во СОУ “Никола Вапцаров“, се асфалтираа спортските игралишта во сeло Муртино и село Просениково и редовно се вршеше обнова на училишните игралишта во градот.

Дополнително, целосно беше реконструирано повеќенаменското игралиште со
трибина во 4. месна заедница, за заедно да ги бодриме нашите спортисти! Како
Локална Самоуправа редовно финансиски ги поддржувавме сите спортски клубови во
градот, како и поддржувавме повеќе спортски настани, меѓу кои и “Избор на Спортист
на Годината“.

Сето ова е доказ дека низ годините ги негуваме спортските капацитети и инвестираме
во идните успеси. Нашата Струмица има богата спортска историја која е резултат на
досега овозможените капацитети. Имаме спортисти и спортски клубови кои постигнале врвни спортски успеси и резултати.

Сето ова е голем завет и обврска, за мене, Советот и за Костадин – со уште поголема
сила и елан, со силен спортски дух да ја предводиме победничка, шампионска
Струмица.

А за најдоброто, ние го имаме најдоброто!

Share via
Copy link