fbpx

Сообраќајка меѓу мотоцикл и велосипед во Добрејци, двајца повредени

 Сообраќајка меѓу мотоцикл и велосипед во Добрејци, двајца повредени

На 28.07.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од М.М.(49) од село Пиперево, струмичко и велосипед управуван од И.В.(74) од село Добрејци, струмичко, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.В., констатирани во Медицински центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link