„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Средношколци од дрвно-преработувачката струка во „Никола Карев“ изработија 927 шкафчиња за учениците од „Никола Вапцаров“
-Струмица е пример во државата за активна соработка помеѓу Општината и училиштата.Веруваме во капацитетот на стручните училишта и ја реализираме иницијативата за активни училишта.Денеска ја потврдивме во ООУ „Никола Вапцаров“ каде што се испорачани вкупно 927 шкафчиња за ова и училиштето во Градско Балдовци, односно, секој ученик има шкафче за своите потреби.Шкафчињата ги изработија учениците и професорите од дрвно-преработувачката струка во СОУ „Никола Карев“, а материјалите ги донираше Општината во вредност од 1,7 милиони денари, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Иницијативата е на учениците што значи и тие партиципативно учествуваат во креирањето на локалната политика, затоа што ние сме Општина отворена за соработка со сите граѓани. Оваа успешна практика ќе ја продолжиме и понатаму со други струки во СОУ „Никола Карев“, но и со СОУ „Димитар Влахов“.Веруваме во капацитетот на нашите ученици и вложуваме во нивниот образовен практичен процес и затоа го зголемуваме буџетот за образование од 4 во оваа, на 14 милиони денари за следната година, напиша струмичкиот градоначалник.