„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-Почитувани, далеку зад нас се 1945 и 1950, години кога се случиле овие огромни чекори во современата цивилизација. Случајно или не, на двапати, на 9.Мај, Европа доживеала огромни промени со кои започнал историскиот прогрес. Примерот на разум и разбирање, на здружување, еднаквост и прагматичност, станува модел по кој, денес сме сведоци како е развиена и моќна Европската Унија. Токму по тие правила за демократија, толеранција и дијалог „Старата Дама“ е лидер, високо издигнат, кој се уште се модифицира и моделира со една единствена цел – напред, заедно во иднината, рече во својот говор градоначалникот Костадин Костадинов.
Одбележувањето се одржа пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во Малиот градски парк, каде беше положено свежо цвеќе, а членовите на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица изведоа пригоден рецитал.