Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Струмица со двоцифрен број новозаразени од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 852• Битола – 135• Прилеп – 70• Куманово и Кавадарци – по 38• Охрид и Штип – по 25• Струмица – 21• Ресен – 18• Тетово и Гевгелија – по 14• Неготино – 13• Гостивар, Велес и Радовиш – по 10• Валандово – 9• Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8• Кичево и Богданци – по 7• Делчево и Крива Паланка – по 6• Кочани – 5• Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3• Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од:
• Скопје – 116• Охрид – 13• Прилеп – 12• Битола – 10• Струмица и Куманово – по 9• Кавадарци – 8• Гевгелија – 4• Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3• Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2• Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818