Пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства во Градашорци
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на децата од социјално загрозените семејства во Турското маало во село Градашорци им подари пакетчиња.
-Ова е период на празници, период на кој сите му се радуваме а посебно децата. Со овој чин на дарување, на дечињата од социјално загрозените семејства во т.н. Турско маало им пренесовме дел од празничната атмосфера, и ја зголемивме нивната радост. Пакетчињата се состоеја од играчки, а насмевките на детските лица беа најголемото „ благодарам“ за нас и потсетување дека некогаш е потребно навистина малку за да се стопли нечие срце“, изјави градоначалникот на општина Василево за чинот на дарување.