fbpx

Уапсен крадец од Струмица, само неколку часа се радувал на украдените пари

На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари, соопштија денеска од СВР Струмица.

По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

Ѓ.А. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, за една недела ова е трет случај на откриени решки кражби од страна на полицијата на подрачјето на СВР Струмица.

Share via
Copy link