fbpx

Утврдени условите за работа на казината, денеска ќе се одлучува за границите

 Утврдени условите за работа на казината, денеска ќе се одлучува за границите

Владата на вчерашната седница ги донесе протоколите за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубовите и во казината.

Ова вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче при што истакнува дека нивната работа во услови на пандемија, согласно протоколите, ќе бидат според строги правила. До крајот на неделава се очекува да почнат со работа и фитнес-центрите.

За денеска е најавено дека ќе се разговара за целосно отворање на границите, без сегашните услови, кои предвидуваат негативен ПЦР-тест и самоизолација или државен карантин.

Филипче најави дека ќе се разговара со властите во околните земји и одлуката ќе биде координирана.

„Ситуацијата со епидемијата е во полн ек. Состојбата во регионот покажува дека во сите земји има пораст на случаите и тоа значи дека ќе мора да се навикнеме да живееме со вирусот и на овој начин на лична заштита и тоа најверојатно ќе биде уште долго, не само оваа туку најверојатно и следната година“, рече Филипче.

На вчерашната седница, како што соопштија од Владата, донесена е одлука за нормализирање на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово врз основа на препорака на Комисијата за заразни болести, а донесен е и Протоколот за полагање квалификациски испити во средните училишта.

Share via
Copy link