„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
В среда Црвен крст Струмица организира крводарителска акција
В среда на 23 јуни, ОО Црвен крст Струмица, во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина, организира граѓанска крводарителска акцијa.
Акцијата ќе се одржи во Службата на Трансфузиона медицина, од 09:00 часот до 14:00 часот.
Крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство.