Во Општина Босилово засадени 600 дрвца
Градоначалникот на општина Босилово заедно со општинската администрација и дел од вработените во ЈПКД „Огражден“ – Босилово спроведоа акцијата за засадување на дрвца.
Дрвца засадија и вработените и учениците од основните општински училишта во општината.
Засадени се околу 600 дрвца на територијата на општина Босилово а исто така беше спроведена и еколошка акција со чистење на училишните дворови.
Општина Босилово ќе продолжи и понатаму со вакви акции за разубавување на општината.