fbpx

Во станбена зграда во Гевгелија пронајден починат маж

 Во станбена зграда во Гевгелија пронајден починат маж

Синоќа во 23:00 часот во Полициската станица Гевгелија, од Медицински центар Гевгелија било пријавено дека во станбена зграда на улица .„Љубљанска“ во Гевгелија било пронајдено починато машко лице без документи за идентификација, соопштија денеска од СВР Струмица.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија, а по наредба на обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Фото: архива

Share via
Copy link