„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
За влез во Грција само со комплет патни исправи со новото име на државата
За влез во Грција покрај пасош со новото име на државата, треба да поседувате возачка и сообраќајна довола, како и регистарска табличка со ознаката НМК.
Според информации од граничните премини Богородица-Евзони и Дорјан-Дојрани, граѓани кои имале сообраќајна дозвола за возилото кое го управувале со поранешното име на државата, грчките погранични служби не им дозволиле да влезат во нивната држава.
На двата гранични премини со Грција нема гужва и поголеми задржувања, а денеска до пладне околу 300 патници ја поминале границата на Богородица.
Фото: принт скрин Камера на ЈП за државни патишта