fbpx

Заев го пречека Ципрас во Струмица

 Заев го пречека Ципрас во Струмица

-Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета, објави на фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности, напиша Заев.

Share via
Copy link