fbpx

Загина тракторист, сопатникот повреден во сообраќајка во селото Баница

 Загина тракторист, сопатникот повреден во сообраќајка во селото Баница

Денеска околу 09:45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Срумица-село Баница-село Велуса, поточно во село Баница, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(72) од село Вељуса, струмичко и трактор „имт 539“ без регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од село Баница, струмичко. Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С..

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Share via
Copy link