fbpx

Заради дефект на трафостаницата за пумпните станици селата Муртино и Сачево без вода

 Заради дефект на трафостаницата за пумпните станици селата Муртино и Сачево без вода

-Заради дефект на трафостаницата која ги напојува пумпните станици за Муртино и Сачево граѓаните на овие населени места ќе останат без водоснабдување, соопштија вечерва од „Комуналец“.

Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека во текот на утрешниот ќе се работи на отстранување на дефектот на трафостаницата која ги напојува пумпите со електрична енергија. Се додека се работи на нејзино санирање населените места Муртино и Сачево ќе останат без водоснабдување.

Share via
Copy link