Денеска, (27.04.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во работна посета и увид на 73. реконструиран објект на Одделението за внатрешни работи Радовиш, односно беше пуштен во употреба четвртиот реновиран објект на МВР во рамки на првите 100 дена од работењето на оваа Влада, а воедно беа започнати свечените активности по повод чествувањето на […]
-Започнавме со обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Исто така ќе бидат поставени и сообраќајни знаци согласно проектот и новиот режим на сообраќај во нашата општина, објави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов. Додава дека целта е решавање на еден од најголемите проблеми со кои […]
Денеска полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Ц (37) од Радовиш и А.Ѓ. (22) од село Ораовица, радовишко, поради соомнение дека околу 05:00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. (69) присилно одзеле пари. По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, […]
Радовиш денеска беше претворен во карневал на детската фантазија.Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“. Почнувајки со дефиле од бул.Александар Македонски и движејки се кон плоштадот, каде маските имаа свое претставување, и […]
Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски […]
Општина Радовиш денеска објави дека започнува со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“, чија главна цел е – во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш. -Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој […]
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Наталија згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст. За тоа колку е успашна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече […]
Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука, денес 14.10.2021 година (четврток) да биде прогласен за ден на жалост зради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш,кои ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај […]
Во Радовиш беше извршено селектирање на пријавените кандидати по објавениот оглас за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Се пријавија 15 лица, од кои селектирањето го поминаа тројца. Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега […]
Шеесетина ученици од Струмица и Радовиш со засадување на дрвца, квизови и игри поврзани со вода ја искажаа својата посветеност на зачувањето на животната средина и намалување на последиците од климатските промени, во рамки на завршувањето на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија […]