„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Тестирањето на кандидатите за реонски попишувачи ќе се изврши утре
Комисијата за пописен реон 14 – Струмица и Василево ги известува кандидатите за реонските попишувачи дека тестирањето на пријавените заклучно со продолжениот рок на Јавниот конкурс до 25.08.2021 година ќе се изврши на 27.08.2021 година во 10 часот во просториите на СОУ „Јане Сандански“ Струмица.
На тестирањето можат да дојдат и кандидатите кои од лични или други причини не можеа да присуствуваат на претходното тестирање.
Кандидатите за попишувачите треба да се јават 30 минути пред почетокот на тестирањето и задолжително да носат заштитна маска.
Доколку немаат доставено по пошта фотокопија од документи во хартиена форма до Државниот завод за статистика, истите треба да ги достават на денот на тестирањето. Потребни документи во фотокопија кои треба да се достават се:
1.Доказ за државјанство – фотокопија од:
-Лична карта или
-Уверeние за државјанство или
-Диплома за завршено образование
2.Доказ за завршено најмалку средно образование – фотокопија од:
-Свидетелство или
-Уверение или
-Диплома за завршено образование.
3.Писмена изјава дека немаат засновано работен однос
4.Писмена изјава дека имаат познавање од работа со персонален компјутер
Точната дата и времето на тестирањето се дадени во списоците кои се објавени на огласните табли во седиштето на Комисијата за пописен реон 14 (Дом на АРМ) и во СОУ „Јане Сандански“.