fbpx

Заврши реконструкцијата на детското игралиште „Шпики“

 Заврши реконструкцијата на детското игралиште „Шпики“

Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица го посетија реконструираното детско игралиште на улицата „11-ти Октомври“ или популарно наречено „Шпики“.

Реконструирана е вкупна површина од околу 650 метри квадратни на којашто е изработена бетонска платформа, врз која е ставена гумирана подлога и врз неа нова комбинирана играчка. Во останатиот дел од игралиштето е извршено хортикултурно уредување, има нови бехатонски патеки, клупи и корпи за отпадоци, а извршена е и санација на оградниот ѕид и оградата.

Share via
Copy link