„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Едукативен настан во Струмица – Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг
Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ ќе се одржи отворен едукативен настан на тема “Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг”.
Поради се поголемиот раст на овие индустрии и се поголемиот интерес луѓе од најразлични области да станат дел од нив, двајцата говорници и организатори, Глигор Ризов од SMX и Милан Савов од SmartClick одлучија да им помогнат во тој процес.
Поканети се сите кои размислуваат за промена на кариера или се на крстопат што да започнат да учат и кој е најдобриот кариерен избор, да присуствуваат на настанот во кој Глигор и Милан ќе ги споделат своите приказни, како и совети и насоки за присутните кои ќе им помогнат да ја донесат вистинската одлука.
Ќе се опфатат најважните прашања за секој кој сака да започне да работи во IT и Дигитален маркетинг:
- Како да започнете;
- Кои се пречките;
- Кои се можностите.
Освен двајцата говорници, свои приказни и совети ќе споделат и веќе искусни IT професионални и маркетери кои не секогаш биле во овие индустрии, меѓутоа донеле одлука за промена и стигнале до успех во новите кариери.
Настанот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на салата, се замолуваат сите кои ќе присуствуваат, да ја пополнат кратката форма за потврда:
Повеќе информации може да прочитате и на самиот настан на социјалните мрежи: