fbpx

Општина Струмица и Здружението „Проект среќа“ потпишаа меморандум за соработка

 Општина Струмица и Здружението „Проект среќа“ потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателката на Здружението „Проект среќа“ Кристина Арнаудова Петровски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Здружението, соопштија денеска од Општината.

Соработката ќе вклучува заедничка работа во подобрување на  едукацијата и влијанието врз децата и младите од основните  и средните училишта на теми филантропија, општествена одговорност, емпатија, донирање, прифаќање на различностите, спречување на врснички булинг, еднаков пристап до образование, и социјализација на децата и младите во социјален ризик, како и заедничко влијание кога на одредена личност или семејство им е потребна помош и поддршка.

Во рамките на воспоставената соработка ќе биде изведена претставата „Ех, да можев…“ на тема врсничко насилство за учениците од 4 до 9 одделение следниот месец во Центарот за култура „Антон Панов“.

Претставата е создадена од реални случки на булинг и ја играат деца кои биле или се жртви на булинг. Ова е прва ваква престава во нашата земја, која реално ги опишува состојбите и чувствата на децата, кои и самите тоа го доживуваат.

Share via
Copy link