„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Горан Пандев добитник на наградата за животно дело на Општина Струмица
„Гранде Пандев“ ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица за 2023 година за особен придонес во областа на спортот што се доделува по повод Денот на заштитниците на Струмица-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
Наградата на Горан Пандев му ја врачија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.
Добитници на годишната награда „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ за 2023 година како признание на општина Струмица за посебни остварувања се: Фудбалскиот клуб „Тиверија“ за особен придонес во спортот, Ѓорѓи Хаџи-Котаров за особен придонес во областа на крводарителството и хуманоста, Благој Ѓузелов за особен придонес во областа на планинарството, м-р Зоран Рујак за особен придонес во областа на културата, млекара „Јока“ за особен придонес во областа на економијата и производството, Данче Даскаловска за особен придонес во областа на општествената работа и фондацијата „Елеуса“ за особен придонес во областа на социјалната заштита.
Специјална награда доби и ВИС „Распеани струмичани“.