Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен:физички нападната невенчена сопруга, физичка пресметка во Ињево,Хрват агресивно се однесувал во угостителски објект
На 22.06.2024 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.В.(41) и Л.Г.(18), двајцата од струмичко село. Е.В. се сомничи дека на 20.06.2024 во селото физички ја нападнал неговата невенчана 38 – годишна сопруга, а нејзиниот син Л.Г. и упатувал закани. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.06.2024 во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 18.55 часот во село Ињево, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(41) од Виница од една страна и С.К.(56) и С.К.(34), двајцата од село Ињево, од друга страна. По целосно доокументирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.06.2024 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го привеле хрватскиот државјанин И.Ч.(56), постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Гевгелија агресивно се однесувал кон вработена во објектот и вработен во обезбедувањето. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.