Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Уапсен осумнаесетгодишно момче од Струмица кое со остар предмет повредил врсник од Радовиш

На 27.10.2024 во 03.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Х.(18) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.00 часот во Струмица го нападнал со остар предмет Ѓ.Ѓ.(18) од Радовиш, нанесувајќи му повреда во пределот на стомакот.
Ѓ.Ѓ. бил пренесен во Медицински центар Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
М.Х. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.