Пожар во затворот во Струмица

-На 17.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во две простории од затвореното одделение во Затвор Струмица, информираа денеска од СВР Струмица.
Како што се наведува во кусото соопштение, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Фото: илустрација архива