Турчин возел 210 километри на час на автопатот кај Гевгелија
Турчин возел 210 километри на час на автопатот кај Гевгелија

Денеска (08.07.2026) во 06:48 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода турскиот државјанин К.Ј..(25), соопштија од СВР Струмица.
Имено, при контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека К.Ј. управувал патничко возило „ауди“ со турски регистарски ознаки со брзина од 210 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Против лицето е поднесена соодветна пријава.
Фото: архива