fbpx

Второ прскање против комарци по земјен пат во Југоистокот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22 и 23 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.   На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево и

2. На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

За прскањето во општина Гевгелија, граѓаните на општина Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Share via
Copy link