fbpx

Радовишанец загина во соообраќајка на патот Струмица-село Просениково

Вчера во 15:00 часот било пријавено дека на локалниот пат Струмица –  село Просениково,  патничко возило „ауди А4“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58) од Радовиш, излетало надвор од коловозот.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. 

Share via
Copy link