fbpx

„Комуналец“ интервенира со фрлање сол на патиштата и улиците во градот

 „Комуналец“ интервенира со фрлање сол на патиштата и улиците во градот

По врнежите од снег кои почнаа изутринава ЈПКД „Комуналец„ Струмица излезе на терен и започна со фрлање сол на патиштата кои се критични и кои водат кон планинските населени места .

-Ситуацијата со врнежите од снег се следи континуирано , се интервенира со фрлање на сол и со чистење на снегот со механизација онаму каде што има потреба така да не би требало да има некои посериозни проблеми за непрекинато одвивање на сообракајот во градот и низ патиштата кон населените места, изјави Бранко Георгиев раководител на Секторот Комунална хигена при ЈПКД „Комуналец“ Струмица .

Сепак, заради влажни коловози и присуство на механизација се препорарачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патиштата.

Share via
Copy link