„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Атанас Костуранов и Катерина Јовановска принц и принцеза на Карневалот, Костадинов како Тито
Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани за принц и принцеза на синоќешниот маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие вечерва заедно со кралот на карневалот ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на Струмица на Интернационалната карневалска вечер, кој почнува во 18.30 часот.
Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со неговата девојка Гордана Георгиева на маскенбалот пристигнаа како Тито и Јованка Броз, а неговите пријатели во маски на познати поранешни светски лидери и историски ликови.
-Вечерва се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат. Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака, порача Костадинов.
Осумдневните карневалски празнувања продолжуваат утре, на Прочка, со одржување на Детскиот карневал.