На 25.06.2023 во 10:00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (21) од Радовиш, соопштија денеска од МВР. Лицето се сомничи дека на 25.06.2023 на подрачје на Радовиш извршило две кривични дела „одземање на моторно возило“ и по едно кривично дело „тешка кражба“, „насилство“ и „мачење […]
По купувањето на 90 одсто од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“ , ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД, информираа денеска од Клубот. Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот […]
Поради отстранување на дефект на водоводната мрежа од 09 до 13 часот без водоснабдување ќе остане улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и дел од улица „Гоце Делчев“ од бр 90 до 101
Синоќа нашата струмичанка Славица Ангелова со најмногу гласови победи на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“. Со одлични гласовни способности, но и огромна поддршка од публиката, годинава нашата струмичанка е победник во едно од најпознатите музички шоуа. Од се’ срце и го честитам овој успех на Славица, и и’ посакувам успех во кариерата понатаму! Фото: ФБ […]
Општина Струмица денеска ја одбележа 67-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Пред неговиот споменик ,,Македонија” во градскиот парк, претставници на неговото семејство, на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија положија свежо цвеќе, а за животот и делото на Трајковски зборуваше Зоран Костадинов, член на Советот на општина Струмица. -И […]
На 22.06.2023 во 18:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица, информираа од МВР. […]
Пред Споменикот подигнат во нивна чест, денеска беше одбележана 22-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт од 2001 година. Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР – Струмица, на борците и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот […]
Вистинското лице на „Родот“ беше насловот на трибината што синоќа се одржа во Струмица во организација на Фондација Елеуса. -Луѓето се уште повеќе збунети, зошто родот во тој контекст во кој ни го претставуваат нема само едно лице, туку има илјадници лица. Но јас како Епископ на Црквата, како духовник, во позадината на целата оваа […]
Утре, 23 ти јуни (петок) – BOOK CLUB на отворено во рамки на СОФ2023. Време: 19:00 часот.Локација: градски парк Струмица. За сите љубители на пишаниот збор и природата. Во една опуштена и пријатна атмосфера ќе се запознаеме со „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел.„Сите луѓе и животни се еднакви но, некои се поеднакви од другите“ ќе […]
Со цел за подобрување на јавната чистота ЈПКД „Комуналец“ Струмица в недела, 25 јуни продолжува со метење, машинско чистење, подигање на смет и миење на улиците во долниот дел од Струмица, поточно подрачјето помегу Ленинова, булевар Гоце Делчев и Климент Охридски. Се молат сите граѓани од овој реон кои имат секаков вид на отпад да […]