-Ветив дека ќе работам во интерес на граѓаните и ќе го слушам нивниот глас, тоа и го правам.Го решаваме долгодишниот проблем со просторот на којшто се наоѓа „маларичната“ болница во Струмица.Денеска започна рушењето на овој стар објект и останатите придружни времени објекти, а по целосното расчистување тука ќе изградиме повеќенаменско игралиште и паркинг, објави градоначалникот […]
На 08 и 09.05.2023 година од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција реализиран е случај на недозволена трговија со наркотична дрога кокаин, при што во Солун […]
Со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк, денеска беше одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. За нивното значење зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече: -Поминуваат безмалку 32 години од македонската самостојност: Исто толку години го сонуваме […]
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 08.05.2023 околу 23.50 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои вчера околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар, соопштија денеска од Министерството. Веднаш по добиената пријава од страна […]
-Хуманоста е доблест, подадена рака, несебичност, пожртвуваност и пример за човечност, во вистинската смисла на зборот, а без сомнение, најголем синоним за хуманоста е Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оние со кои се гордееме – на вработените и волонтерите во Општинската организација на Црвен крст – Струмица, им посакувам понатамошен успех во нивната благородна […]
Општина Струмица денеска ги исплати субвенциите за потрошен природен гас за првите три месеци од оваа година. Вкупно 439.298 денари ќе добијат 168 корисници колку што имаат комплетни податоци. Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 денари од кубен метар потрошен прирoден гас.
Нашата полиција е наш верен пријател. Нашата полиција е добар служител на граѓаните, професионален применувач на законите и чувар на нашите животи и материјални добра. Нашата полиција бескомпромисно се грижи за редот, мирот и безбедноста. Таа е секогаш будна, за општина Струмица да спие мирно. ЧЕСТИТ НЕКА Е 7 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА.
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на традиционалниот 30. Меѓународен фестивал – “Пролетни веселби“ – Хид Бах Шен Фест, во валандовско Чалакли. „Оваа убава манифестација, како дел од културно-фолклорното наследство на турската заедница, но и како дел од меѓусебната македонско-турска сплотеност на ова наше поднебје претставува еден од многуте примери […]
Вчера во 20:20 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак, […]
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на припадниците на МВР, хероите: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев. Министерот Спасовски предводејќи делегација од МВР положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев. „Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. […]