Струмица се збратими со бугарската општина Крџали

-Лесно е да се говори со јазикот на омразата. Напротив, ние денес разговаравме на вистинскиот начин кој нѐ води напред.Струмица од денес е побогата за уште една збратимена општина!Со мојот колега, Хасан Азис, градоначалник на Општина Крџали од Република Бугарија потпишавме меморандум за збратимување на двете општини кои ги предводиме, објави струмичкиот градоначалник. -Овој чекор […]

Струмица Никоб со десетта шампионска титула

Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва во салата „Парк“ ја освоија десеттата шампионска титула. Во третиот натпревар од финалната серија го совладаа ГОК „Борец“ од Велес со 3:0 (25:18, 26:24 и 25:19) и во клубските витрини го донесоа вкупно 19 освоениот трофеј, десет пати шампион и 9 пати освојувачи на купот. Во претходните два натпревари од […]

Сообраќаен билтен: велосипедистка и возач потешко повредени во Гевгелија и

На 25.04.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија.  Увид на местото извршила екипа на Одделението […]

Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 14:15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата, со тешки телесни повреди […]

Министерката за животна средина на средба со Костадинов

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Во фокусот на средбата беше воведувањето на целосен електричен еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а се разговараше и за останатите активности на Општината за поголема заштита на животната средина. […]

Струмица Никоб на чекор до 10-та шампионска титула

Одбојкарите на актуелниот македонски шампион, Струмица Никоб, вечерва го направија вториот чекор кон освојувањето на титулата во годинашното првенство. Во вториот натпревар од финалната серија вечерва во Велес го победија ГОК Борец со 3:1 (25:19, 21:25,25:20 и 27:25). Наредниот натпревар се игра в среда во Струмица, а со победа на струмичките одбојкари на домашен терен […]

Приведен разбојник од Струмица, полицијата го уапсила еден час по

Синоќа во 02:50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М. (44) од Струмица, кој околу 01:50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената. Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело. Тој е задржан во полициска […]

Приведен крадец во Струмица, пронајдено украденото

Денеска (22.04.2023) полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторно кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица, соопштија од СВР Струмица. При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркет. Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање […]

Претреси во Струмица, расчистени кривични дела, пронајдени украдените предмети

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица денеска го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. -Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост […]

Попладна нестабилно со пороен дожд и грмежи

Утрово 1 степен во Берово, 2 Лазарополе, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Скопје-Петровец, Крушево, 6 Штип, Тетово, Крива Паланка, 7 Охрид, Струмица, Демир Капија, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Куманово, Виница, 10 Прилеп, Гевгелија, 12 Дојран.    Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од […]