ФЕИТ отвори Фаб Лаб – нов простор каде студентите ќе

Стартува со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор што треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, е отворен и за приватниот сектор, како и за млади  креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност […]

Изгореа куќа, плевна, гаража и земјоделска механизација во Злеово

На 30.03.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.А. (77) од село Злеово, радовишко, во кој биле опожарени куќа, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација и алати, соопштија денеска од СВР Струмица. Повредени лица нема, а по интервенција на […]

Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше спортски реквизити за ООУ

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во рамките на своето делување, негува соработка со компании со кои споделува исти погледи и вредности. -Врз основа на таквата соработка, нашата фондација организираше донаторство од сродни компании за спортско-шаховската училишна секција при ООУ „Даме Груев“ од село Куклиш. По барање на оваа секција, донацијата се состои од […]

„Комуналец“ почна со собирање на отпадот од пластика и лименки

ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, започнa со празнење на новите канти наменети исклучиво за ПЕТ Пластика и лименки. -Празнењето на кантите ќе се врши редовно секоја среда. Известување до домаќинствата дека кантите се подигат од дворовите, а секаде каде што е заклучено или има кучиња кантите да се остават блиску до […]

Заврши реконструкцијата на патот до црквата во село Радичево, Василево

Во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој успешно заврши реконструкцијата на патот до црквата „Свети Илија“ во село Радичево, Василево, во вредност од 2.196.616 денари, со што се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место. Станува […]

Леонид Танчев нов претседател на Општинскиот Сојуз на училишен спорт

Вчера се одржа Изборно Собрание на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, на кое беше избрано ново раководство на Сојузот, објавија вечерва од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На местото на досегашниот долгогодишен претседател Драган Јанков, за нов претседател на ОСУС Струмица едногласно беше избран Леонид Танчев, а за потпретседател Вера Божијанова-Димитриевска. Исто […]

МВР со детали за вчерашната сообраќајка кај Владевци во која

На 27.03.2023 година во 14:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците […]

Романската амбасадорка во посета на Струмица

Денес, на мое огромно задоволство, во улога на домаќин, остварив средба со Нејзината Екселенција Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашава земја,објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Низ разговор на повеќе актуелни теми, средбата помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, а меѓу другото, имав чест да ја запознаам амбасадорката со карактеристиките и потенцијалите […]

Три лица повредени во сообраќајна несреќа кај Владевци

Денеска оклу 15 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Владевци, се случи сообраќајна несреќа, во која се повредени три лица. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во несреќата учествувал автомобил марка „BMW“ со струмички регистарски ознаки, кој најверојатно излетал од коловозот. Повредени се возачот и двајца сопатници, кои се пренесени на укажување […]

„Комуналец“ се вклучи во еко акцијата „Чисти ридови за сите“

По покана од Велосипедскиот Клуб „Актив„ за подршка на Еко акцијата „Чисти ридови за сите„ која се одржува по трети пат во текот на годината, ЈПКД „Комуналец“-Струмица активно се вклучи со петнаесетина работници и две возила. Во акцијата се собираше отпадот расфрлан од несовесни граѓани на потегот околу патот до Чамчифлик и на трим патеката […]