Загина тракторист од Вељуса

На 1 овој месец во Полициската станица Струмица било пријавено дека В.М.(72) од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот, соопштија од СВР Струмица. Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид […]

Изгоре куќа во Конче

На 28.02.2023 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Х.Д.(66) од село Конче, радовишко, во кој изгореле дел од кровната конструкција на куќата, неколку простории и дел од покуќнината, сопштија денеска од СВР Струмица. Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен. […]

Силно невреме ја погоди Струмица вечерва-град, мраз, молњи и обилен

Вечерва околу 20 часот Струмица ја погоди силно невреме проследено со град, мраз, молњи и обилен дожд невообичано за овој период од годината. Екипи на ТППЕ Струмица и „Комуналец“ се излезени на терен и работат на отстранување на штети пријавени од граѓани.

Струмица ја одбележа 19-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

-Колку и да сме свртени кон празникот Прочка, колку и да сме дел од еуфоријата од карневалските свечености, Струмица и струмичани не го забораваат својот сограѓанин, Претседателот Борис Трајковски, објави градоначалникот на Струмица на по повод 19-годишнината од неговата трагична смрт. Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на претседателот Трајковски, говореше градоначалникот Костадинов. -Борис Трајковски […]

„Комуналец“ направи генералка на Градскиот плоштад по карневалот

-Генералка после карневалот на градскиот плоштад.Вредните работници од Kомуналец ќе го светнат плоштадот за да им биде чисто на дечињата кои ќе учествуваат на детскиот карневал, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска принц и принцеза на Карневалот,

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани за принц и принцеза на синоќешниот маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие вечерва заедно со кралот на карневалот ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на Струмица на Интернационалната карневалска вечер, кој почнува во 18.30 часот. Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со неговата девојка Гордана […]

Општина Струмица одвои 800.000 денари за настраданите во земјотресот во

-Со сите членови на Советот на денешната седница ја потврдивме хуманоста и солидарноста на Општина Струмица.За настраданите луѓе во катастрофалниот земјотрес кој што ги погоди Турција и Сирија од општинскиот буџет одвоиме помош од 800.000 денари, по 400.000 денари за најпогодените подрачја во двете држави, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -На денешната седница беше […]

Пронајден човечки труп во стан во Струмица

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул.„Јанко Цветинов“ во Струмица бил пронајден човечки труп, информираа денеска од СВР Струмица. Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција за да се утврди идентитетот и причините за смртта.

Во претрес во Струмица пронајдена дрога, приведен дилер

Утрово во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде […]