Полициски билтен: Со закана одземени пари од аптека во Гевгелија,

На 06.11.2022 во 16:57 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во аптека на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет, соопштија денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.11.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струмица, В.А.(22) од село […]

Товарен воз прегазил мигрант кај Миравци кој лежел на пругата

Синоќа во 01:07 часот било пријавено дека околу 00:15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на село Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата, соопштија денеска од МВР. Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант. Лекар констатирал смрт, […]

Костадинов:Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи

-Идејата за бизнис на младите, поддршката наша и заедно за добар живот во нашата Струмица.Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи – Старт ап за млади во 2022/2023 Втора фаза, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Ги повикувам сите млади невработени лица да ја искористат оваа можност и да се пријават, ние ќе […]

Продолжуваат обуките на пожарникарите од Југоистокот

Дел од доброволните и професионалните пожарникари од југоистокот на Р.С. Македонија и југозападот на Р. Бугарија, вчера и денес (3ти и 4ти Ноември 2022) присуствуваат на третата специјализирана обука во Банско, Република Бугарија, од вкупно шест предвидени модули на специјализирани обуки како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, соопштија […]

Полициски билтен:одземено југо, напад на малолетник

На 04.11.2022 во 01.30 часот во село Дабиље, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип. Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено. […]

Полициски билтен:пронајдена марихуана, се запалил „мерцедес“, физички напад

На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде […]

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕДОВНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗНМ

Почитувани колешки и колеги, Ве информираме дека Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот свикува редовно изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ. Новинар(к)ите и медиумските работници што сакаат да учествуваат на изборното Собрание, кое ќе се одржи на 3-ти декември (сабота) […]

„Комуналец“ изврши генералка на Градските гробишта

Во пресрет на верскиот празник Митровденска задушница ЈПКД „Комуналец“ изврши генерално чистење на просторот околу и во Градските гробишта. -Се известуват сите посетители кои ќе ги посетат Градските гробишта со своите автомобили дека ке има еднонасочен влез на движење , поточно влезот на автомобили ќе биде на предниот влез на гробиштата откај Струмица, а излезот […]

Универзитетот за туризам и менаџмент додели 220 стипендии за талентирани

По пролетниот караван и потпишувањето меморандуми за соработка со 30 општини од државата, Универзитетот за туризам и менаџмент додели 220 стипендии за талентирани студенти, како и за студенти со отежнат пристап до образованието. Стипендиите беа транспарентно доделени преку партнерските општини, а ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, на настанот организиран по овој повод во […]

Старец прегазен од „голф“ во Ново Коњарево

На 01.11.2022 во 17:00 часот  во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од село Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од […]