Синоќа во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во […]
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на СВР Струмица, СВР Штип, како и Регионалниот центар Исток со цел согледување на сработеното, како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и со постигнатите резултати. На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Струмица, […]
Комерцијална ПР објава Групацијата Трафигура, еден од клучните инвеститори воЕуромаксРесоурцеси современиот рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука“, објави дека потпишале кредитен аранжман во вредност од 3 милијарди долари гарантирани од Сојузна Република Германија за да обезбеди редовно снабдување со гас. Трафигура, лидерот на глобалниот индустриски пазар со суровини, меѓу кои се и енергенсите, склучи четири годишен […]
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите […]
-Јас и општина Струмица денеска ја имавме честа да бидеме домаќини на состанокот на Заедничкиот Комитет за следење на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 – 2027 година.Со посебна гордост пред Министерот за локална самуправа, Ристо Пенов, Програмската менаџерка за прекугранична соработка во Европската Комисија, Габи Хагмулер, како […]
Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ. Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од […]
Канцеларијата на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ ја посетија претставници на ЖФК „Тиверија“, еден од најуспешните женски фудбалски клубови во државата. Притоа, на директорот и основач на фондацијата, Зоран Заев, му врачија врамен дрес на ЖФК „Тиверија“, во знак на благодарност за поддршката, афирмацијата и популаризацијата на женскиот фудбал во Струмица и државата, […]
Денеска во 10:05 часот, на улица „Ристо Ќурчиев“ бр.6, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена трафостаница. -После исклучувањето од системот на напојување од страна на екипа на ЕВН, пожарот беше локализиран и ликвидиран, информираа струмичките пожарникари.
Вчера во 15:55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, Струмичко, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската […]
Работник е повреден при извршување на работни задачи во трафостаница во Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош. Увид извршиле трудов инспектор и екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.