Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 20:05 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Ѓорги Василев“, „Ристо Ќурчиев“ и „Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица и моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица. Во несреќата […]

Пронајден човечки труп на планината Плачковица

Вчера во 14:50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“, во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица. Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба […]

Градоначалникот Костадинов ги прими младите каратисти на „Шихан“ и шахистите

-Првото добредојде им го посакав на спортистите од Карате клубот „Шихан“ од Струмица кои освоија 4 златни и 6 бронзени медали на 21-от Светски традиционален карате шампионат и првиот ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти. Им го честитав успехот, разговаравме за натпреварите и силната конкуренција, и им посакав да продолжат со големите успеси, а […]

Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари!

Внимавајте и проверувајте!!! -Проверувајте го рокот на употреба на производите, но бидете внимателни и со  декларацијата; -Трикови со прелепен нов рок на траење или рок на употреба или избришан и избледен рок или декларацијасо неточни информации; -„Производи на акција“, но со лента залепени два или повеќе од нив токму врз делот каде е запишан рокот […]

Утврдени трите приоритетни проекти на Општина Струмица за 2023 година

Набавка на еко електрични автобуси и поставување на модерни смарт постојки, поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и соларен катастар, ова се трите приоритетни проектни иницијативи за буџетската 2023 години. Тие добија најмногу бодови од вкупно предложените 9 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот […]

Граѓаните на Струмица избраа три приоритетни развојни програми за наредната

Во големата сала на Домот на АРМ синоќа се одржа првата сесија од програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2022/2023 година. На оваа сесија граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот и бизнис секторот имаа можност од градоначалникот Костадин Костадинов да слушнат за досегашната реализација на буџетот за оваа […]

Полициски билтен:насилство во Радовиш, пронајден амфетамин, физички напад…

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.И.(37), Д.В.(39), В.А.(19), В.А.(25) и С.Ѓ.(28), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.На 16.11.2022 во угостителски објект во Радовиш, А.И. физички го нападнал Д.В., по што Д.В. и В.А.(19) физички […]

Приведен криумчар на мигранти од Скопје

Вчера во 21:30 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија, соопштија денеска од МВР. Претходно, во 20:15 часот на наплатната […]

Младиот Вргов ја продолжува долгата и успешна струмичка фудбалска приказна

Младиот голман Славе Вргов е на добар пат да ја продолжи долгата и успешна струмичка фудбалска приказна и да продолжи по патеките на славните фудбалски имиња на струмичкиот и македонскиот фудбал. За неговите успешни одбрани на голот се слушна надалеку и неговиот агент Алесио Сундас го гледа како нова ѕвезда на европскиот фудбал. Скромниот Славе […]

Полициски билтен:Еден загинат и тројца повредени во сообраќајки во Струмичко

На 19.11.2022 околу 18.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат Ново Село – село Мокриево, струмичко, С.С.(45) од с.Мокриево, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од с.Мокриево, а смрт констатирал лекар од […]